Бочварски: Коридорите 8 и 10 се одлична можност македонските компании да се вклучат и да преземат дел од знаењето на „Бехтел и Енка“
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бочварски: Коридорите 8 и 10 се одлична можност македонските компании да се вклучат и да преземат дел од знаењето на „Бехтел и Енка“

„Ќе ми биде мило што повеќе македонски компани да влезат, разговараат и да се најдат на терен, да сработат на коридорите 8 и 10. Имаме сериозна градежна оператива која може да работи рамо до рамо со големите компании, а преку овој проект ќе добијат ново знаење и тоа ќе може да го пренесат во иднина“ рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Утрински печат“.

Тој додаде дека градежната комора е подготвена и сака да се вклучи, а во кој обем и капацитет ќе одлучат сами.

„Ова е шанса да се вклучат и да преземат дел од знаењето. Ќе се отворат нови можности за компаниите, инженерите, но и градежниот факултет, каде студентите ќе можат практично да видат како се вршат градежни работи од еден од најголемите конзорциуми“ рече Бочварски.

Министерот рече дека во Косово над 70 отсто од ресурсите биле домашни, бидејќи пазарот тоа го понудил и порача дека ние треба да целиме на 70 до 80 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Вечерва: Промоција на „Што ќе кажат другите?“ од Коста Петров

В+

Утрово драма во центарот на главниот град: Маж скокна во водите на Вардар, полицијата и пожарникарите го спасија

Vesti +

Свадбената поворка ја запре полицијата: Уапсен младоженецот

Vesti +

Ковачевски: Во 2021 реализиравме 79% од капиталните инвестиции, продолжуваме со исто темпо

Vesti +

Герасимовски: Ацо Шопов ги прошири границите на македонската литература

Vesti +

Еве каква е состојбата на патиштата во Македонија

Vesti +