Мал број на инсајдери од Кремљ, наводно, за „Блумберг“ откриле дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да искористи нуклеарно оружје.

Тие веруваат дека руската инвазија во Украина ќе ја врати Русија години наназад, а изворите тврдат и дека рускиот претседател се потпира на сè помал круг на советници.

Путин, наводно, ги отфрлил сите предупредувања за економски и политички последици од војната, а исто така се стравува за употреба на нуклеарно оружје ако Русија загуби во Украина.