Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вечерва го осуди рускиот напад на голема украинска база, во близина на границата со Полска, земја членка на НАТО.

Блинкен на Твитер порача дека „бруталноста мора да престане“.

„Го осудуваме ракетниот напад на Руската Федерација врз Меѓународниот центар за мир и безбедност во Јаворив, во близина на украинската граница со Полска“, изјави Блинкен.