Се смета дека тие не се премногу прилагодливи.

Бикот, Лавот, Скорпијата и Водолијата спаѓаат во групата на фиксни знаци. Тоа е вид на енергија што ја задржува, складира, одржува, поправа, не ослободува.

Задачата на фиксните знаци е да ги креираат и одржуваат структурите на постоечкиот свет, а со тоа и стабилноста.

Припадниците на фиксните знаци не сакаат нагли промени, всушност воопшто не ги сакаат промените, освен ако самите не ги испланирале, со внимателни чекори. Ако за некого приспособливоста е знак на слабост, тогаш тоа може да бидат членови на фиксни знаци.

Тие се горди на своите цврсти ставови, тврдоглави и упорни, па приспособливоста ја доживуваат како откажување од нешто што им е важно.

Сакаат да ги задржат работите како што се, се држат за чувството на сигурност. Бикот е најчувствителен на материјална трајност, Скорпијата на непроменливи и трајни емотивни односи. Лавот е најчувствителен на сопствената репутација, важност, позиција и љубовта што му ја покажува околината, а Водолијата цврсто се држи до своите идеи и идеали за тоа што е правилно, праведно и каков треба да биде светот.

Кога ќе се најдат во ситуација која бара брза реакција и приспособливост, Бикот ќе се чувствува несигурно, Скорпијата загрозена, Лавот навреден, а Водолијата разочарана.

Треба да им се даде малку време сами да проценат дека приспособливоста е подобра опција од тврдоглавоста.

За среќа, приспособливоста може свесно да се развива, па припадниците на фиксните знаци можат да избегнат многу негативни чувства и несакани ситуации доколку работат на тоа.