Се повеќе граѓани се откажуваат од камините на пелети, а огласниците се преполни со огласи каде граѓаните ги продаваат по багателни цени.

Овие скапи камини кои нови чинат над 700 евра станаа буквално прескапи за користење со оглед дека една вреќа пелети од 150-160 денари за вреќа сега се продава за 300, 320, а на една бензинска пумпа од најголемиот ланец на бензински станици во Македонија затекнавме и цени од 380 денари за вреќа.

Оваа зима, не само што цените летнаа во облаци, туку и немаше пелети, па така многу граѓани мораа да бараат начин да го менуваат начинот на кој ќе го затоплат својот дом, па така атрактивни станаа инвертер клима уредите, но и многумина се вратија на традиционалниот начин на затоплување на домот со дрва.

Колку чини дневно затоплувањето со скапите пелети?
За затоплување на просторија од 50 квадрати се потребни 1,5 до 2 вреќи пелети за оптимална топлина. Доколку дневно трошиме по 2 вреќи пелети по просечна цена од 320 денари, вкупно за еден ден ќе потрошиме 640 денари.

Доколку трошиме 30 дена по 2 вреќи пелети, ова задоволство ќе не чини 19200 денари/месечно.

Доколку греење уклучуваме од 15 октомври до завршувањето на потребата за топлење на домот – 15-ти март, тоа се пет месеци, односно грубо земеме дека тоа биле 150 дена, и ако секојдневно трошиме по 2 вреќи пелети ќе потрошиме 96.000 денари.

извор: Biznispro.com