Дваесет и петгодишен маж почина откако истури лепак врз неговиот полов орган, наместо кондом.

Светот беше шокиран од овој бизарен случај од Индија! Салман Мирза (25) почина откако, сфаќајќи дека нема кондом при рака, истури лепак врз половиот орган, со цел да го „затвори“.

Тој и неговата девојка биле дрогирани, а кога ја започнале „акцијата“ во хотел, сфатиле дека заборавиле на кондомите. Мажот потоа истурил лепак врз гениталиите, со цел да спречи несакана бременост.

Според полициските извештаи, тој бил пронајден без свест следниот ден, а неговата состојба набрзо се влошила и бил пренесен во болница, каде што починал од оштетување на повеќе органи, наводно предизвикано од нанесување лепак на неговиот пенис.