Минимална плата од 18.000 денари ќе има, тој момент кога заеднички сите социјални партнери, ќе одлучиме во рамките на трипартитниот дијалог, дали одлуката ќе биде 18 000 денари или повеќе тоа ќе биде заедничка одлука на сите социјални партнери, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Тој нагласи дека секое едно битно решение за работниците, но и за работодавачите ќе добие соодветен позитивен одговор за двете страни само преку Економско -социјалниот совет и преку дијалог на социјалните партнери.

Едностраните, ултимативни решенија не се конструктивни во таков дијалог, кој што сакаме да го воведеме во новото општество во кое што креиравме дијалог и консензус околу битни прашања на сите чинители, а тоа се социјалните партнери, нагласи Битиќи, додавајќи дека не треба да се вратиме шест години наназад, кога сите до еден реагираа на едностраниот начин на кој владата постапуваше во нашето општество.

Пред десетина дена имавме состанок со претседателот на ССМ, за три дена состанок ќе има на кој треба да зборуваме за минималната плата, колективните договори, регресот во јавниот сектор и други прашања кои ги постави синдикатот, рече Битиќи.

Тој нагласи дека барање на синдикатот не е само зголемување на минималната плата туку и зголемување на уделот на минималната плата во просечната плата.

Во декември 2016 уделот на минималната во просечната плата било 38%, за да во декември 2021 уделот на минималната во просечната плата е 52%. Ние велиме во 2022 ќе го има најрано што е возможно со социјалниот дијалог и уделот на минималната во просечната со проекциите за раст на просечната оваа година без вештачко зголемување е 58%, a барањето на синдикатите е 60%, појасни Битиќи.