Татковината се сака со срце и со дело, затоа на 17 октомври да гласаме за советници кои ќе соработуваат со граѓаните, а нема да блокираат проекти, развојот на општините зависи од советите, тие се будното око на буџетот, затоа гласајте за одговорни советници кои ќе иницираат соработка, рече потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина во Гостивар.

-Пред четири години зборуваме за минимална  плата од 8000-9000 а денес таа достигна 15.200 денари, а до крај на годината како што вети и премиерот Зоран Заев ќе биде и 18.000 денари така се сака нашиот народ, затоа што засложуваме достоинствен живот, појасни Битиќи.

Тој додаде дека просечната плата во 2017 беше 22.500, а денеска 28.740.

-Знаеме дека не сме стигнале до достоинсвена плата, но ветуваме дека ќе достигнеме просечна плата од 34.000 денари, затоа што граѓаните заслужуваат достоинствен живот. Исто така 2022 е година на малдите, направивме програма за покривање на придонесите за нововработени млади затоа што веруваме дека младите се нашата иднина, ВМРО-ДПМНЕ  ни остави 40 посто невработеност, а ние не само што ја намаливме, очекуваме да падне и под 25 посто. Вие сте најдобрите и го засложувате најдоброто, затоа да гласаме за советниците на СДСМ и коалицијата кои ќе даваат предлози и иницијативи според вашите потреби, заклучи Битиќи.