„Првите ефекти од антикризните мерки се гледаат во сегментот на енергетиката. Ја поминавме цела зима во време на енергетска криза без рестррикции на струја“ рече вицепремиерот за еконосмки прашања, Фатмир Битиќи во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека исто така се обезбеди продолжување на грејната сезона за жителите на Скопје по интервенцијата на Владата.

„Во овие две кризни години се потрошија 1,7 милијарди евра буџетски пари за справување со кризите, наместо за развојни цели. Се надевам дека ова е последниот пакет мерки што ги носиме и дека во втората половина на годината економијата ќе се стабилизира“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека ребалансот на Буџетот е планиран за крајот на мај и кажа дека проценката за растот на економијата нема многу да се разликува од првично планираното.