Битики: Просечната плата рекордни 34,925 денари
Vestiplus.mk
+БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Битики: Просечната плата рекордни 34,925 денари

Фејсбук статус на Фатмир Битики:

Просечната исплатена нето плата по вработен во Република Северна Македонија според официјалните податоци на Државниот Завод за Статистика за месец март 2023 година, објавени денес, е рекордни 34.925 денари.

Индексот на исплатената нето плата за месец март 2023 споредена со исплатената просечна нето плата по вработен за март 2022 е 112,4 и веќе се доближува до индексот на трошоците на живот (инфлација) кој за месец март според ДЗС изнесуваше 114,7. Трендот на намалување на инфлацијата ќе продолжи и понатаму во текот на оваа 2023 година, тоа го покажуваат и сите релевантни институции во своите проекции: НБРСМ, Светска Банка, ММФ.

Оваа влада со носењето на предвидливи и конзистентни економски политики и понатаму ќе овозможи константно зголемување на стандардот на своите граѓани чии плати се очекува да продолжат да раснат 10-20% во наредните неколку месеци.

Дополнително креираме нови високо платени работни места, носејќи инвеститори кои воведуваат нови технологии и чии производи и услуги имаат висока додадена вредност, што неодминливо ја зголемува продуктивноста на целокупната домашна економија, а тоа е основниот двигател на растот на платите кои се повеќе и повеќе ќе растат.

Можеби ќе ве интересира...

Листа на локации низ државата каде што ќе има прекини на струја – Проверете дали и вашата адреса е на списокот

Vesti +

Ковачевски: Мицкоски секое утро прво што прави- проверува во телефонот што кажал Апасиев

Vesti +

Ја јадете секој ден – Овој вид храна го намалува притисокот за миг

Vesti +

Шефот на британската дипломатија: Путин не ги постигнува своите цели, па прибегнува кон очајнички мерки

В+

Грковска: Со координација на повеќе ресори и антикорупциските политики остваруваме транспарентен ефикасен систем и јавна администрација

В+

Трагедија: Имаше само 50 години, зад себе остави три малолетни деца – ненадејно почина поранешниот пратеник на СДСМ

Vesti +