Битиќи: Одржливиот економски раст и развој е возможен само со структурни и системски промени, што оваа Влада ги спроведува
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Битиќи: Одржливиот економски раст и развој е возможен само со структурни и системски промени, што оваа Влада ги спроведува

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, го отвори третиот панел насловен „Инвестиции и економски раст во услови на кризи“ кој се одржа во рамките на годишната владина конференција „Година на нови можности“.

Вицепремиерот Битиќи во првиот дел говореше за клучните економски промени и предизвици со кои се соочи и ги презема оваа Влада.

„Еден од клучните предизвици со кој се зафативме и на кој работиме е рестуктурирањето на нашата економија. Во 2018 година беше одобрен планот за економски раст којшто е првата мерка коишто ние како Влада ја поставивме со среднорочна развојна компонентна и којашто секако влијае на менување на реструктуирање на нашата економија. За прв пат тогаш почнавме наместо поддршка на инвестициите и само на странските инвестиции да ги поддржуваме сите видови на инвестиции без разлика дали се тие домашни или странски и можам со гордост да кажам денеска дека навистина имаме што да покажаме како исход на оваа променета политика. Ова покажува дека Владата не е фокусирана само во еден од параметрите во економијата, а тоа е растот на БДП како макроекономска категорија, туку клучно е дали се поддржуваат компаниите, бизнисот, дали бизнисот е спремен да одговори на предизвиците за да го донесе толку посакуваниот раст и развој. Сметам дека особено поддршката во производствениот сектор којшто изминатите пет години го имаме направено значително ја има променето целата структура“, истакна Битиќи.

Системската работа, рече вицепремиерот влијае и на рамномерниот регионален развој наспроти креирање на економски кои го продлабочуваат јазот во регионите.

Вицепремиерот во своето обраќање се осврна и на странските директни инвестиции.

„Минатата година, според Централната банка имавме 560 милиони евра странски инвестиции и тоа што ме радува е тоа што за тоа користиме нула средства на нашите граѓани за да се промовираме. Има една изрека на англиски, „најдобриот начин за да промовираш и да ги поттикнеш компаниите да инвестираат е добриот збор од уста. Тоа е тоа што го правиме“, истакна Битиќи.

На дел од панелот беа и Кире Наумов, директор на Развојна банка на Северна Македонија, Таки Фити, Академик – МАНУ, Илија Господинов од МАСИТ како претставник на Платформата за јавно приватен дијалог, и Бранко Азески потпретседател на Коморско инвестицискиот форум на Западен Балкан, кој се обрати на конференцијата преку видео обраќање.

Во своето видео обраќање тој потенцираше дека формалната соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор е во добра корелација но дека суштински може да се подобри. Тој истакна дека е важно да продолжат реформските процеси како и зголемуњето на регионалната конкурентност, развојот на производството со додадена вредност како и зголемување на квотите за увоз на работна сила.

„Согласни сме со ставот на Владата за зголемување на квотите за увоз на работна сила, секако имајќи ги предвид националните интереси но и интересите на бизнис секторот и неговиот развој. На 100 годишнината од постоењето на Стопанската комора на Македонија, донесовме еден суштински документ, тоа е декларацијата за Општествен консензус за економските политики и мерки во наредниот период кој се совпаѓа со Националната развојна стратегија и ќе направиме сè за заедно со Владата да ги усогласиме тие два документи да станат окосница за нашето работење и утврдување на нашите приоритети“, истакна Азески.

Во своето обраќање академикот Таки Фити се осврна на Националната развојна стратегија, инклузивниот процес на нејзиното креирање и значење.

„Ова е многу значаен, визионерски стратегиски документ за основните развојни правци, предизвици и визии на Република Северна Македонија во сите сфери на општественото живеење. Пристапот мора да биде научен и објективен и да се постигне широк консензус од сите релевантни чинители во Македонија“, рече академик Фити.

Тој додаде дека кога МАНУ се вклучила во составувањето на Стратегијата во 2022 година вршела ревизија во студиите, преку актуелизација на податоците.

Извршниот директор на Развојната банка на Република Северна Македонија, Кире Наумов зборуваше за важноста на Развојната Банка како финансиска поддршка на развојот.

„За три години пласиравме речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти. Само во 2022 година пласирани се средства во износ од 107 милиони евра. Пласманите на кредитите се во различни дејности. НОколу 40% се за поддршка на микро, мали и средни компании во производствената дејност. Кредитните линии беа насочени кон поддржување на ликвидноста на компаниите, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, зачувување и отворање на нови работни места, со што во изминатите три години, се зачуваа околу 40.800 и се отворија околу 1.500 нови работни места“.

На оваа тема се осврна и вицепремиерот Битиќи кој потенцираше дека Владата умешно успеа во период на криза Развојната Банка да ја направи најдобрата алатка во финансискиот систем, која воведе нови механизми и инструменти кои би требало да го поддржуваат развојот на нашата земја.

„Не само што ја докапитализиравме Развојната банка, туку тие успешно и умешно креираа механизми заедно со Владата во кој ги пилотираа и беа пионери во финансискиот пазар во нашата земја. Во секоја развиена земја токму развојната банка ја има таа улога и сум горд дека и во период на криза тоа го направивме и сметам дека имаме партнер кој го немавме пред пет години“, потенцираше Битиќи.

Илија Господинов, претседател на управниот одбор на МАСИТ, како претставник на Платформата за јавно приватен дијалот се осврна на напорите на владата во однос на подобрување на продуктивноста на нашите работници, која секако треба да биде основа за зголемување на аутпутот на бизнисите, и секако на крај на денот да резултира со повисоки плати и повисок стандард за работниците.

„Со луѓето кои ги имаме, добро образовани и добро тренирани можеме да постигнеме одлични резултати и веќе ги постигнуваме. Кога зборуваме за продуктивноста мораме двострано да ја гледаме. Продуктивноста на страна на приватниот сектор се покажува со обезбедување на добри услови, продуктивноста на страна на државата мора да биде фокусирана кон темелите за сè да може да расте. А темелите се инфраструктура и образование. Со што ќе се потрудиме да имаме национален пристап за задржување на добрите кадри во земјата“, истакна Господинов.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Земјотрес од 3 степени го погоди регионот на Штип

Рано утрово околу 2.40 минути во епицентралното подрачје Свети Николе-Штип бил почувствуван земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на потресот бил на пет километра северно од Штип, на длабочина од 5 километри, објави ЕМСЦ. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија, потресот бил почувствуван од населението во Штип... Прочитај повеќе...

Остин: Украина ќе има добри шанси за успех

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин смета дека Украина има многу добри шанси да започне успешна контраофанзива во пролетта оваа година поради значителното исцрпување на руските сили и западното оружје, пишува Украинска Правда. – Мислам дека напролет ќе видиме интензивирање на непријателствата бидејќи се подобруваат условите за маневрирање и врз... Прочитај повеќе...

Поранешниот американски потпретседател мора да сведочи во истрагата за нападите на Капитол на 6 јануари

Пред големата порота за разговорите, федерален судија одлучи дека поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс мора да сведочи за разговорите што ги имал со поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Судијата во одлуката рече дека Пенс сепак може да одбие да одговори на... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Костовски за ТВ 21: Мерките на СДСМ даваат резултати, повисоки пензии и помош за пензионерите, ВМРО-ДПМНЕ нуди само блокади и популизам

В+

Христоски: Општина Крушево затрупана со 3 кредити и 13 милиони денари долг ја направиме една од најуспешните по реализација на проекти

В+

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија, МВР објави нови информации

Vesti +

Богоев: Судиите треба да почне да одговарат за да се зголеми довербата во судството

Vesti +

Приведени лица барани со потерници

В+

Купивте мелено месо, а не го искористивте истиот ден: Еве колку долго може да остане во фрижидер

Vesti +