„Ние во јуни за 68 илјади компании имаме обезбедено гарантирана цена на струјата која ќе биде гарантирана во следните шест месеци. Прашањето е дали таа цена е соодветна на пазарните услови и како тие компании ќе ја платат струјата во целата оваа економска криза. Не можете да најдете исто решение за сите. Секое евро ни прави импликации во буџетот, имаме дејности за кои имаме ограничување дали можеме да ги поддржиме. Се обидуваме да најдеме енергенси од надвор на слободниот пазар, но многу обиди се покажаа како невозможни. “- изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања на телевизија 21.

„После низа години Бугарија ослободи транспорт на гас, што ни дава алтернатива за обезбедување гас. Сите владини одлуки се донесени кај нас, во Бугарија, во Европа и сето тоа е резултат на нашите постојани контакти. Движењето на цената на струјата ги изместува плановите. Членките на ЕУ треба да покажат солидарност и кон државите кои не се членки, но тоа ќе даде можност и ние да влеземе во таков аранжман. Може решенијата не доаѓаат брзо, но тоа е така насекаде.“- рече Битиќи.