„Сакаме да видиме дали зголемувањето на одредени цени е ради зголемени цени на производителите или е само додавање маржа и други трошоци од малопродажните комапнии или тие кои оперираат во големопродажба. Лекот за се е Законот за нефер трговски практики, бидејќи тој ќе стави друг начин на функционирање во нашата држава“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека ова е прв ваков закон што се носи во земајва и е усогласен со ЕУ директива, која е нова директива воведена по кризите.

„Законот е во Собрание, каде што има 120 пратеници и еден пратеник кој во овој момент е од опозицијата и ја води комисијата каде законот би требало да оди на комисиска расправа. Таму треба да прашаме зошто тој закон 2-3 месеци не се става на комисиска расправа, а сме виделе закони кои се носат во неколку дена“ рече Битиќи.