„Градоначалниците треба да даваат отчет пред граѓани, а не пред лидер на партија. Тоа што го видовме вчера ми налкува на едни не толку дамнешни времиња, кога функционери избрани од граѓаните, наместо пред нив, за сработеното излегуваа пред својот лидер“ кажа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека градоначалниците на СДМС отчетот го даваат на локално ниво, пред граѓаните што ги гласаат.

„Отчетот се дава пред своите граѓани за тоа што е сработено и објаснување за тоа што не е сработено. Тоа е суштинската разлика од тоа што го видовме вчера од ВМРО-ДПМНЕ“ рече Битиќи.

Тој додаде дека на никој не му оди во прилог да се враќаме назад од воспоставените демократски вредности и транспарентност воспоставени во изминатите пет години.