„До крајот на февруари оваа година имаме раст на депозитите од 6,1 отсто, вклучувајќи го приватниот сектор и домаќинствата“ рече вицепремиерот Фатмир Битиќи во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека во банките се забележува и раст на вкупните кредити од 9 отсто што е знак дека кондицијата на економијата е добра, бидејќи доколку не е добра не може да растат депозитите.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека Северна Македонија останува на планот да се издаде еврообврзница, но дека за тоа се чека најповолниот момент.

„Еврообврзнициата нас ни беше и се уште ни е во план, но поради случувањата во Украина цените на еврообврзниците пораснаа. Ќе се обидеме да ја земеме кога тоа ќе биде најповолно за нас како држава“ објасни Битиќи.