„Со самиот договор е предвидено да се применува методологијата која што ја утврди Регулаторната комисија за енергетика во однос на определување на цена на топлинска енергија произведена од когенеративна постројка. Речиси, повеќе од дупло, цената на когенеративната постројка, Те-То за топлинска енергија, е поевтина од цената на топланите. Истата таа методологија ќе ја примениме и за Митиленеос. На место да имаме цена од 5,3 денари, ќе имаме цена од 2,5 денари“ изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Тој додаде дека оваа топлинска енергија ќе води во централниот систем на топлинска енергија на градот Скопје, каде што има околу 59 илјади потрошувачи.

„Апсолутно не вистина е дека ќе одела само во еден дел во Железара, во Автокоманда и во Маџари. А бе, луѓе, не можеме повеќе да го издржиме ова со лаги. Не е нормално“ рече Бислимоски.

Претседателот на РКЕ додаде дека Те-То ќе продолжи да работи, бидејќи е добар проект и помага во стабилизирањето на напонот на нашата мрежа.

„Дај Боже да направевме уште 10 такви Те-Товци големи, мали, насекаде низ Македонија. Не ги направиме“ рече Бислимоски.