Како што соопшти полицијата Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави, и тоа против 31 годишник од с.Русиново, беровско и лице на возраст од 25 г. од с.Разловци, делчевско, поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „кражба“.

Според соопштението на МВР, во временскиот период од 18.03. до 30.06.2022, во атар на с.Русиново, на место викано „Дуџевица“, пријавените од шумска парцела во државна и приватна сопственост незаконски и противправно извршиле сеча на дрвна маса, со што предизвикале материјална штета од по 170.596 денари, додаваат од полицијата.