Технолошкиот гигант и филантроп, Бил Гејтс вели дека не сака да звучи мрачно, но предупредува дека може да се создаде позаразна варијанта, пренесува Дејли Мејл.

Рече дека ризикот тоа да се случи е над 5 отсто и светот допрва би го видел најлошото од пандемијата. Но, не е прв пат да даде таква прогноза.

Во декември 2021 година, оние кои го следат на социјалните мрежи ги предупреди дека најлошото следи. Тој во 2015 година предупреди дека светот не е подготвен за нова пандемија.

„Не сакам да бидам глас на пропаста и мракот, но ризикот е далеку над 5 отсто дека ќе го видиме најлошото од оваа пандемија“, вели тој.

Се проценува дека короната досега убила над 6.2 милиони луѓе, но последните недели бројот на заразени и смртни случаи опаѓа.