Сè што јадеме или пиеме мора да помине низ црниот дроб. Овој орган најмногу страда, бидејќи го впива сето лошо што го внесуваме во организмот со храната. Кога црниот дроб е преоптоварен и целото тело страда и постои ризик од многу болести.

Постојат некои намирници кои благотворно делуваат на разградувањето и исфрлањето на токсините, а помагаат и во топење на масните наслаги.

1. Лукот го поттикнува производството на ензими кои му помагаат на телото да се ослободи од насобраните токсини, но и го започнува процесот на разградување на масните наслаги.

2. Цитрусите се богати со витамин Ц и се моќен антиоксиданс кој му помага на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните материи.

3. Цвеклото и морковот се богати со флавоноиди и бета каротен, па ја стимулираат функцијата на црниот дроб и разградувањето на мастите.

4. Зелениот чај содржи моќна состојка, катехин, кој го чисти целото тело.

5. Зелениот лиснат зеленчук како спанаќот, кељот, блитвата и зелената салата се полни со хлорофил и затоа се многу ефикасни во неутрализирање и исфрлање на токсините.

6. Ананасот е полн со витамин Ц и делува како природен диуретик кој ги ослободува токсините од телото.

7. Нането е богато со флаваноиди кои делуваат како моќен антиоксиданс.

8. Ѓумбирот го забрзува метаболизмот и помага да се исфрлат мастите од телото и црниот дроб.

9. Оревите содржат големи количини на омега-3 масни киселини, како и аминокиселини кои го забрзуваат процесот на детоксикација.

10. Зелката силно делува на ензимите на црниот дроб кои ја регулираат и ја забрзуваат нејзината работа.

11. Јаболката содржат високо ниво на пектин и други хемиски супстанци кои промовираат правилно функционирање на црниот дроб и чистење на телото.

12. Доматот содржи и ликопен кој го штити целото тело. Конзумирањето домати има ефект на намалување на оштетувањето на црниот дроб.

13. Маслиновото масло и другите ладно цедени природни масла, како што се маслото од коноп или ленено семе, го поддржуваат здравјето на црниот дроб и помагаат во производството на база која ги апсорбира токсините.