Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиенa информација од ЈП Водовод и канализација, известува дека денеска поради одредени технички зафати без вода ќе бидат жителите на ул. Роса Плавева бр. 6 во Општина Центар.

„Поради отстранување дефект на приклучна водоводна цевка со пречник ф-3/4 цола, на ул. Роса Плавева бр. 6, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. (Општина Центар)“, соопштија надлежните.