Девојка од Балканот со име Марија, која се нашла во еден од финските супермаркети и снимила на лице место кои се цените на производите и објавила на својот „Тикток“, шокираше со скапотијата што владее таму. Таа напиша „тука ќе умре човек без 2.000 евра месечно“.

„Не знам кој ме излажа дека Финска не е толку скапа. Ова е буквално една од најскапите земји во кои сум била. Не знам колкави се нивните просечни плати, но овде човек би умрел без 2.000 евра месечно“, почнува Марија, пренесува Курир.

Како што наведува, дури ни подготвувањето храна не е многу добро за буџетот, бидејќи е прилично скапо на пазарите.

„Кога сакам да заштедам пари, купувам готови оброци. Цената овде е пет до десет евра по оброк, што е помалку отколку во рестораните“, вели таа.

Сепак, таа истакнува и дека цените на рестораните во Финска се превисоки. Таа наведе пример за супа од маркет што чинела дури 14 евра, додека во ресторан би чинела најмалку 20 евра.

Цената на сувото месо се движи од две и пол до пет евра за неколку грама.

„Десет јајца се меѓу три и пет евра, овошјето исто така е прилично скапо. Глава боли сумата што треба да се одвои за зеленчук, бидејќи пиперките се буквално пет евра, а најевтиното млеко е околу едно и пол евро. Финска поскапо ми изгледа од Норвешка, крајно недостапно е за нашите плати“, заклучува Марија.