Претседателот на Србија и врховерн командант на вооружениет сили, Александар Вучиќ издал наредба сите беспилотни летала кои се територијата на централниот дел од земјата да бидат веднаш уништени.

Како што дознава „Новости“ претседателот Вучиќ на овој потег се одлучил по инцидентот кој се случил на подрачјето над Мердаре во околината Рашка кога непознати дронови ја надгледувале касарната и позициите на Војската на Србија.

Во цел да се запре натамошната непријателска активност се активирани српските „мигови 29“ за следење и евентуални напади на непријателските летала. Набрзо по ваквата реакција забележано е како беспилотните летала го напуштиуле воздушниот простор на централна Србија. Доколку не дошло до напуштање на воздушниот простор на Србија ќе биле уништени, бидејќи претседателот Вучиќ издал наредба веднаш да се дејствува со противоздушните орудија.