Носењето на симболот „З“ за поддршка на руската армија ќе биде кривично гонето во Берлин во иднина.

Берлинската сенаторка за внатрешни работи Ирис Шпренгер за весникот „Тагешшпигел“ изјави дека ако има контекст со војната, употребата на белата буква „З“, како што може да се види на руските воени возила, претставува поддршка за агресија.

Во Берлин на прозорците и на вратите на некои возила можеше да се забележи симболот „З“ поради што реагираа берлинските власти.

Шпренгер рече дека оној што јавно ќе го употреби рускиот симбол „З“, ќе биде кривично гонет.

Основа за забраната на симболот „З“ е став 140 од Кривичниот законик, со кој се казнува поддршката на одредени дела. Предвидена е казна до три години затвор или глоба

Забрана за симболот „З“ најавија и провинциите Долна Саксонија и Баварија.

Во другите провинции беше иницирана дискусија за забраната за јавна употреба на симболот „З“.