Дистанцирајќи се од негативните реакции во однос на Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10 д, професорот Абдилменаф Беџети кој во доцните деведесети беше министер за транспорт и врски, се издвојува со сопствен пристап во кој како што самиот вели „нема простор за актуелната хистерија“.

Зачуден е од огромната лавина крититики која што според него е обратно пропорционална на обвинувањата на јавноста за тоа колку заостануваме во патната инфраструктура.

Посочувајќи ги сите придобивки од изградбата на автопатите, Беџети за „Локално“ вели: „Коридорот ќе се реализира и тоа ќе биде модел за во иднина, со какви изведувачи треба да се преговара“. Ова од друга страна според него, не треба да претпоставува отсуство на контрола и истражување на се што е сомнително.

„Може да ги разберам дел од фрустрираните граѓани поради неразјаснетите околности при донесување на Законот за стратешки инвестиции, па се до сомнителните околности за изборот на надзор на проектот, но не и некои политичари кои ги пишувале своите партиски програми каде овој Коридор е во „подеднаков приоритет“, со тој „север-југ“; вели Беџети.

Во истата насока е и неговата саркастична забелешка во однос на предлогот на ВМРО ДПМНЕ да се ракине договорот со „Бехтел и Енка“.

„Не би ги коментирал мотивите зошто сега ВМРО ДПМНЕ излегува со ваков предлог кога тоа не го направија ведаш откако цела јавност слушна како го направиле договорот за сегментот Кичево-Охрид, кој се гледа како се реализира и по динамика и по вредност на договорот. Да беа истите реакции и за тој дел, апсолутно ќе бше легитимно тоа да го бараат и сега.Но…“, забележува Беџети.

Целото интервју прочитајте го на Локално.мк