ПЗУ „Бамикор Медика“ денеска на својата Фејсбук страница објави дека нивниот здравствен работник Ферди Шакири го загубил животот во синоќешниот пожар во кој изгоре модуларната Ковид болница во Тетово.

-Со длакока болка и тага ги известуваме сите наши соработници и пациенти дека на ден 08.09.2021 трагично го загуби животот во синоќешниот пожар нашиот долгодогишен здравствен работник Ферди Шакири, добар пријател, другар, верен работник, сопруг и татко. Изразувавме длабоко сочуство до семејството, напишаа од „Бамикор Медика“.