Американскиот претседател Џо Бајден рече дека „санкциите никогаш не одвраќаат“ за време на прес-конференцијата во седиштето на НАТО во Брисел, Белгија, по итните состаноци со светските лидери со високи влогови.

„Господине, одвраќањето не успеа. Зошто мислите дека Владимир Путин ќе го промени курсот врз основа на акцијата што ја презедовте денес? праша еден од новинарите.

„Јас не го кажав тоа“, рече Бајден. „Санкциите никогаш не одвраќаат. Вие постојано зборувате за тоа. Санкциите никогаш не одвраќаат“.