Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека рускиот претседател Владимир Путин избрал „војна со предумисла“ што ќе доведе до катастрофални загуби на животи и човечко страдање.

„Молитвите на целиот свет вечерва се со украинскиот народ кој трпи неиспровоциран и неоправдан напад од руските воени сили. Претседателот Путин избра војна со предумисла што ќе доведе до катастрофални загуби на животи и човечки страдања. Русија е единствена одговорна за жртвите и уништувањето „САД и нивните сојузници ќе одговорат на обединет и одлучен начин. Светот ќе се погрижи на Русија да и биде одговорено“, рече Бајден, цитиран од Белата куќа.