Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, на Твитер испрати порака до рускиот народ.

– Не верувам дека сакате крвава, деструктивна војна против Украина, земјата и луѓето со кои споделувате толку длабоки семејни, историски и културни врски на семејството – рече претседателот Бајден.

Да потсетиме, денеска е десетти ден од руската инвазија на Украина. Повеќе од еден милион луѓе веќе ја напуштија Украина, многу цивили се убиени и градови уништени.