На 23.09.2021 во 17,10 часот било пријавено дека во Велес на ул.„Васил Ѓоргов“ патничко возило удрило во пешакот А.А.(79) од Велес, по што го напуштило местото на настанот.

Во несреќата А.А. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.