Утрово околу шест часот и триесет минути во полициската станица во Битола било пријавено дека на излез од фабрика во селото Жабени, битолско на патот кон Битола се превртил автобус полн со патници, дознава Centar.mk.

Според сознанија на Centar.mk се работи за автобус кој носи работници оваа фабрика.

Во сообраќајната несреќа, според неофицијални информации на Centar.mk, биле повредени три лица кои биле патници во автобусот и возачот.