На 14.04.2022 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(50) од Скопје и автобус „ман“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ј.(57) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.