На 07.08.2021 во 11.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул„Гоце Делчев“ во Струмица, Б.Ј.(43) од Струмица, управувајќи патничко возило „цитроен берлинго“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.К.(49) од с.Водоча, а со телесни повреди се здобил сопатникот И.М.(28) од Струмица, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.