Мај носи неколку интересни движења на планетите, а покрај тоа се очекуваат и затемнувања на Сонцето и ретрограден Меркур.

Сето тоа значително ќе влијае на секој аспект од животот, а под посебна лупа следниот месец ќе бидат финансиите.

Ова се хороскопските знаци на кои треба да обрнете внимание овој месец.

Овен
Во петтиот месец на овните им се советува да внимаваат кога се во прашање финансиите. Без разлика дали менувате сигурна работа за да станете хонорарец или решавате некои стари долгови, ситуацијата ќе ви изгледа нестабилна. Енергијата ќе ви биде слаба поради затемнувањето на Месечината во средината на мај, но запомнете дека сите неволји наскоро ќе поминат и дека на крајот на месецот се ќе изгледа многу подобро.

Близнаци
Неочекуваните трошоци кои ќе се случат на почетокот на мај ќе ги принудат Близнаците да направат некои финансиски корекции. За среќа, Близнаците обично се опкружени со добри и дарежливи пријатели кои ќе ви ги олеснат проблемите со парите. Освен тоа, на крајот на месецот ви се отвораат можности за нови деловни успеси.

Рак
Ракот е уште еден знак дека по сила на околности ќе мора да се справи со непредвидени трошоци, кои во овој случај се поврзани со околината, семејството и пријателите. Важно е да се договорите со блиски луѓе, со кои Раковите имаат врска која вклучува заеднички финансии, за парите да не се мешаат во другите аспекти на врската.

Стрелец
Стрелци, иако финансиите моментално ви се под контрола, во мај ќе добиете чувство дека можете повеќе. Ве советуваме да инвестирате во дополнително образование и вештини кои би можеле да се исплатат пред воопшто да размислите за тоа.

Јарец
Јарците во мај мора да бидат особено внимателни бидејќи е можно нивните социјални и романтични аспекти од животот да почнат сериозно да влијаат на нивните финансии. Иако работите ќе изгледаат хаотично на почетокот на месецот, што може да доведе до немудри деловни одлуки, ситуацијата ќе се смири по затемнувањето на Сонцето на 16 мај.