Владеењето на Овен во голема мера започна, а овој период, според астролозите, ни носи многу промени.

Дополнително, астролозите советуваат да бидеме подготвени за нови почетоци, бидејќи пролетта е период на будење, лансирање на новитети и донесување промени.

Доколку ве интересира кога треба да донесете важна одлука и кога да останете дома во текот на следниот месец, астрологијата го има одговорот.

Во април 2022 година нè очекува затемнување на Сонцето, а во продолжение дознајте кои денови имаат одлична, а кои лоша енергија!

Затемнувањето на Сонцето се случува на 30 април и ќе не потсети дека „не е злато се што сјае“. Тој ден не треба да се движите многу, треба да го слушате вашето тело што е можно повнимателно и да не копнеете за прекумерна физичка активност.

Поволни денови во април 2022 година: 6, 7, 14, 18, 20, 22.

Неповолни денови во април 2022 година: 16, 19, 26.

Сепак, добрата вест е дека не мора да очекувате ретрограден Меркур во април, познат виновник за негативните настани.

Најдобро е овие денови да си ги посветите на себе, релаксација и можност да поминете време со семејството.

Обидете се да се одвоите од вестите, проблемите на работа и се што ви го нарушува мирот. Според астрологијата, во април 2022 година не треба да донесувате важни одлуки на 16 април – денот на полна месечина.

За време на полна месечина и неколку дена подоцна, голема е веројатноста да се донесе погрешна одлука, па подобро е ваквите моменти да ги одложите за друг ден.