На прагот на 2023 година, астролозите ширум светот даваат прогнози за следната година.

Високо почитуваните индиски астролози предвидуваат голема среќа и богатство за четирите хороскопски знаци кои очекуваат големи промени на подобро во наредната година.

Проверете дали сте меѓу нив и, ако е така, можеме да ви кажеме само добри работи.

Вриша (Бик), од 21 април до 21 мај
Транзитот на Јупитер ќе минува низ вашата 11-та куќа до 22 април 2023 година и ќе ви донесе исклучително поволен период за започнување нов бизнис, вложување во кариерата и запознавање со влијателни и моќни луѓе кои ќе го препознаат вашиот потенцијал.

Тоа време се карактеризира и со зголемување на богатството, штедење кое не ви е тешко бидејќи ќе инвестирате и ќе ги зголемите тие пари. По 22 април Јупитер се сели во вашата 12-та куќа на тајните, па можни се непредвидени трошоци, па навреме направете добар буџетски план за следната година.

Кања (Девица), од 22 август до 23 септември
Вие ќе бидете среќните следната година. До 22 април Јупитер минува низ вашата 7-ма куќа на партнерството, што ќе ви донесе свадба и влегување во брак. Ќе биде одличен период за соработка со компании од странство и секаков вид на договор ќе биде многу добар за вас. И по 22 април 2023 година ќе останете меѓу среќниците, само фокусот ќе се префрли кон стекнување пари. Во овој период играјте безбедно и избегнувајте ризик бидејќи само така ќе успеете во вашиот план.

Дану (Стрелец), од 23 ноември до 22 декември
Подгответе се за подобрување и напредок во сите области од животот. Ова особено се однесува на условите за живеење, па многу е можно да купите поголем и поубав стан или куќа, само внимавајте да не влезете во спор со семејството поради тоа. Секаков вид на купување недвижен имот до 22 април ќе биде успешен се додека Јупитер транзитира во вашата 4-та куќа. Бидете внимателни на полето на кариерата и избегнувајте да вложувате пари во сомнителни проекти. По 22 април ќе имате потешкотии со децата, а клучот за надминување на проблемот е искрената комуникација и разбирање. После 22 април играјте лотарија, многу е можно да добиете голема добивка

Кумба (Водолија), од 21 јануари до 19 февруари
Транзитот на Јупитер низ вашата втора куќа до 22 април може да ви донесе зголемување на богатството и можност да заработите пари преку дополнителна работа која досега ви беше хоби. Посветете се на семејството, особено на децата и обидете се да го „гледате“ светот од нивна гледна точка за подобро да ги разберете.Внимавајте на вашето здравје и променете ги вашите навики, особено кога станува збор за исхраната.

Што се однесува до периодот по 22 април, обидете се да избегнете конфликти на работа. Посебно внимавајте кому што кажувате во доверливост за да не дојде до вашите шефови. Затоа е најдобро да ја држите устата затворена и никогаш да не им се доверувате на колегите кои можат да го искористат тоа против вас.