Министерството за култура започнува постапка за преземање на Универзалната сала во Скопје. Ова следува откако на последната владина седница била донесена одлука ова Министерство да почне постапка за преземање на концертната сала,бидејќи реконструкцијата што ја започна претходниот градоначалник Петре Шилегов сега веќе подолг период тапка во место. На оваа тема се очекува наскоро состанок да одржат министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалничката Данела Арсовска.

Градоначалничката Данела Арсовска не ја продолжи започнатата реконструкција, а објектот повеќе од една година е ограден и стои разурнат. За реконструкцијата на овој симбол на градот Владата издвоила од 1,9 милиони евра.

Според информациите доколку градоначалничката Арсовска одбива да ги предаде ингеренции, тогаш Владата планира овој објект да го прогласи за објект од национален интерес.

Арсовска не ги продолжуваше градежните работи почнати од нејзиниот претходник Шилегов. Таа лани пред Универзална сала се искара со проектантите и претставниците од Асоцијацијата на архитекти. Обвини дека проектот не бил безбеден, а проектантот тврдеше дека тој е направен според сите стандарди и одобрен од ИЗИИС.

Според информациите доколку градоначалничката Арсовска одбива да ги предаде ингеренции, тогаш Владата планира овој објект да го прогласи за објект од национален интерес.