На 22.09.2020 околу 00.30 часот во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Б.Н.(34) од ова село, осуден на затворска казна за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

По приведувањето, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор-Тетово за издржување на казната.