Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсење во неколку македонски градови- меѓу приведените и малолетник

Македонската полиција уапси седум лица поради поседување на дрога, додека еден од привеените е малолетник.

„На 02.07.2021 од страна на полициски службеници при СВР Битола во угостителски објект на Градското шеталиште во Битола бил лишен од слобода Б.Ж.(27) од Битола, кај кого при преглед бил пронајдени и одземен кокаин. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.07.2021 во 17.30 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар од слобода бил лишен 16-годишник од Скопје, бидејќи при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана, дробилка за марихуана и ризли. По целосно расчистување на случајот, против него ќе следи соодветен поднесок.

На 01.07.2021 во туристичка населба Отешево од страна на полициски службеници од СВР Битола од слобода се лишени Ф.В.(28) од Битола, С.К.(26) од с.Штрбово, ресенско, Ѓ.Ј.(34) од Битола и И.Л.(41) од с.Дихово, битолско, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

На 01.07.2021 околу 23.30 часот, во тетовски Лешок, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 36-годишниот Ј.Л. од тетовско Слатино, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок“ стои во полицискиот билтен.

Можеби ќе ве интересира...

Спроведен Попис според сите европски статистички стандарди

В+

Средба Ковачевски – Петровиќ: Регионот ги унапредува односите и е од геополитичко значење за ЕУ, којашто е на потег

В+

Ковачевски – Тегелтија: Северна Македонија и Босна и Херцеговина ќе ја унапредат соработката во економијата и туризмот

В+

Спасовски: Со објектите во Ранковце и Старо Нагоричане досега реконструирани 58 објекти – создаваме подобри услови за вработените за подобра полиција за граѓаните

Vesti +

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Vesti +

Николовски од Илинден: Со СДСМ сме држава и сме на чисто, а со ВМРО-ДПМНЕ сме неизвесност и не знаеме на што сме

В+