Денеска (13.12.2022) во 00.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф. (42) од Куманово.

На улицата „Србо Томовиќ“ во Куманово, полициски службеници го затекнале при обид да одземе предмети од патничко моторно возило.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.