Денеска (05.12.2022) во 14.30 часот на ул.„Партение Зографски” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(45) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик, како и за истрага поради сомнение за сторено уште едно дело по член 247 и дело по член 131 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.