Вчера и завчера се апсеше за дрога на повеќе локации во главниот град.

На 28.10.2022 во 00.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(28) од скопското село Арачиново,затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

На 28.10.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Р.(19) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

На 27.10.2022 во 20.45 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.А.(21) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 27.10.2022 во 22.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(36) од Скопје затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

По документирање сите овие случаи против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.