Апсења низ Македонија, претепано момче, загинат во сообраќајка...
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсења низ Македонија, претепано момче, загинат во сообраќајка…

Полициски билтен за 20.09.2020:

На 19.09.2020 околу 20.20 часот на ул.„Борис Кидрич“ во близина на парк во Тетово, од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода Г.Х.(21) и Х.А(20), двајцата од Тетово, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.09.2020 во 11.40 во с.Сарачино, тетовско, со судска наредба е приведен Д.Ц.(21) од с.Сарачино и спроведен во Казнено-поправната установа Затвор-Тетово, за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 20.09.2020 околу 02.40 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода А.А.(23) од с.Јеловјане, тетовско, и Л.М(18) од Тетово, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По целосно докумнетирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.09.2020 во 16.45 часот во Полициска станица Кавадраци било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Западен булевар“ во Кавадарци, по предходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Г., И.Г. и Д.Г., од една страна, и О.П. од друга страна, сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.09.2020 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.С.(55) од Велес, поради сомнение дека извршил обљуба врз 64-годишна жителка на Велес, која околу 11.00 часот го пријавила случајот во Полициска станица Велес. М.С. е задржан за понатамошна постапка, а за настанот е запознаен Јавен обвинител. Увид извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчитување на случајот.

На 19.09.2020 во 13.30 часот во Полициско одделение Ропотово, И.В.(67) од с.Лажани, прилепско, пријавил дека околу 13.15 часот во Средна Џамија во с.Лажани, бил физички нападнат од А.П. од с.Лажани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.09.2020 во 14.25 часот во Полициско одделение Групчин било пријавено дека во с.Рогле, Општина Желино, во куќа во сопственост на А.С.(28), настанал пожар, при што објектот бил целосно опожарен. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа при СВР Тетово.

На 19.09.2020 во 13.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница кај с.Тработилиште, делчевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.П.К.(41) и патничко возило „пежо“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(82), и двајцата од Пехчево. По незгодата, сопатничката од патничкото возило „пежо“, Г.Д.(54) од Пехчево била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Делчево.

На 20.09.2020 околу 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во болницата „Аџибадем Систина“ бил донесен А.Р.(26) од Скопје, со тешка телесна повреда нанесена од остар предмет. Според пријавеното, тој бил нападнат од три лица во Градскиот парк во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.09.2020 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.40 часот, во близина на тоалетите на Граничен премин Меѓународен aеродром Скопје, од обезбедувањето на аеродромот бил пронајден починат А.Х.(67) од Шведска. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

На 20.09.2020 околу 01.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Дрезденска“, непознато лице со закана со остар предмет одзело пари и мобилен телефон од 17-годишник од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.09.2020 околу 15.40 часот на локален пат с.Матејче, Општина Липково, кумановско, трактор „урсус“, без регистарски ознаки, управуван од Б.И.(56) од с.Матејче, удрил во ѕид и се превртел. Б.И. бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде од лекар била констатирана смрт. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Куманово.

На 20.09.2020 во 01.09 часот во Полициска станица Кавадраци, А.Е. пријавил дека пред казино на ул.„Тиквешко востание“ во Кавадарци дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.А.(21) и В.Д.(29), двајцата од Кавадарци, од една страна и П.Д.(22) од Битола со уште едно лице, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.09.2020 во 09.30 часот во СВР Струмица, С.К.(54) од Струмица пријавил дека во 04.15 часот неговиот син Ѓ.С. го известил дека настанал пожар во нивното патничко возило „тојота корола“, со струмички регистарски ознаки, по што С.К. го изгаснал огнот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица. Се работи на расчистување на случајот.

На 20.09.2020 во 01.28 часот во СВР Скопје, А.С.(46) од Скопје пријавил дека во близина на угостителски објект на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, едно лице во два наврата во воздух испукало проектили од огнено оружје. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и биле пронајдени три чаури од огнено оружје, кои се подигнати од екипа од СВР Скопје за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 19.09.2020 во 15.00 часот во СВР Битола, Б.П.(53) од Битола пријавил дека околу 13.40 часот пред угостителски објект на ул.„Климент Охридски“ бил физички нападнат од К.К., кој потоа му се заканувал со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.09.2020 во 02.00 часот во СВР Скопје, С.А.(49) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Ш.А.(15) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 19.09.2020 околу 16.00 часот во СВР Скопје, И.П.(48) од Скопје пријавила дека околу 15.55 часот, во куќа на ул.„Партизански пат“ забележала залутано зрно од огнено оружје, кое не предизвикало никакво оштетување. Од екипа од СВР Скопје зрното е подигнато.

На 20.09.2020 околу 04.45 часот во СВР Битола, Ф.Ф. (19) од Битола пријавил дека во близина на хотел на ул.„Широк сокак“ во Битола бил физички нападнат од Ѓ.М. и Т.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.09.2020 во 21.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека две лица предизвикале пожар, при што била опожарена влезната врата од објект на ЕВН на ул.„Тодор Велков“ во Куманово. Пожарот е изгаснат од обезбедувањето на објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе од интернетот…

  • Centar.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
ОВА НЕШТО СЕ СЛУЧУВА НА НЕБОТО ДЕНЕС: Подгответе се за тотален ролер костер, ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ кои следат

Денеска е посебен ден во 2023 година, бидејќи астролошки имаме полна месечина во знакот на Стрелец. Таканаречената образ месечина носи големи промени и многу можности да промениме сè во животот што не ни се допаѓа. Се разбира, промената мора да дојде од нас самите, а ѕвездите се тука за да... Прочитај повеќе...

Спасовски: Управувањето со миграциите не значи управување со бројки, туку работа со луѓе

Обраќање на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи: Во континуитет сме посветени и сериозно го сфаќаме прашањето на управување со миграците во нашата земја, поради неколку клучни причини од големо значење – управување со добросостојбата и безбедноста на нашите граѓани и националната инфраструктура. Исто така, обезбедување валидност на нашите договори... Прочитај повеќе...

Спасовски заедно со граѓаните во храмот Света Троица во село Петралица, Крива Паланка, а по повод празникот Педесетница или во народот познат како Духовден, 50 дена од Неговото Воскреснување

Денеска сум заедно со граѓаните во храмот Света Троица во село Петралица, Крива Паланка, а по повод празникот Педесетница или во народот познат како Духовден, 50 дена од Неговото Воскреснување. Духовден го означува спознавањето на човекот со третото лице на Света Троица – Светиот Дух, а со тоа завршува и... Прочитај повеќе...

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители […] The post Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk. За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 […] The post Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на градежните материјали. Со најава дека цените на становите во Македонија ќе паднат неодамна излезе […] The post Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

69 пијани возачи санкционирани изминатата вечер

Vesti +

Потикнувале насилство преку интернет, им затропа полицијата на врата

В+

Венко Филипче: Фондацијата „Заев едно општество за сите“ ќе стипендира специјализанти за усовршување во европски центри

Vesti +

Блинкен: Северна Македонија да ги искористи можностите кои се пред неа, САД дава силна поддршка

Vesti +

Изгоре стан во Прилеп

Vesti +

192 сообраќајни прекршоци во Скопје

Vesti +