СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Р.(25) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот, во текот на декември 2022 година набавил и во својот дом во с.Раклиш, радовишко, држел марихуана, која му ја продал на лице од Радовиш, а која подоцна била пронајдена.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Т.(24) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.02.2022, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.В.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 10.05.2022, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамин, МДМА и кокаин.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.П.(34) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 25.11.2022, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.