Денеска (15.05.2023) во 10.45 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(22) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 14.05.2023 во 22.30 часот на подрачје на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода В.Ц.(26) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.05.2023 во 00.20 часот на подрачје на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Н.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.05.2023 во 15.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го привеле А.Д.(36) од Косово, затоа што по извршена проверка било констатирано дека патничкото возило „бмв“ со белгиска национална ознака, кое го управувал, било предмет на барање од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол. Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Чаир за понатамошна постапка.