На 20.03.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.С.(29), Н.С.(31) и М.А.(37), сите од Тетово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 ст.3 од Кривичниот законик.

При претрес извршен на 19.03.2022 врз основа на судска наредба, од ОСОСК – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Тетово, во угостителски објект на ул.„Видео Смилески Бато“ во Тетово, управуван од Н.С., каде повремено престојувале и С.С. и М.А., во помошен во непосредна близина на угостителскиот објект, личен претрес над лицата, како и претрес на едно патничко возило и два мотоцикли, пронајдени се и одземени 25 полиетиленски пакувања со кокаин, едно пакување со марихуана и пари. Лицата се лишени од слобода, а од страна на Судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.