На 04.04.2023 полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода лице(33) од Прилеп и лице(23) од Битола. При претрес во домот на М.К., извршен со судска наредба, каде била затекната Т.П., била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.