На 10.01.2023 во 17.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Д.(34) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 10.01.2022 во 15.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Б.Ј.(22) од Тетово. Таа се сомничи дека истиот ден одзела паричник и пари од канцеларија на вработена во Центар за зависности. Б.Ј. била приведена во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.