Април започнува со новата Месечина во Овен, која ќе донесе просперитет, среќа и задоволство на одредени знаци.

Риба
Целосно ќе се свртите кон себе, што не е баш типично за вас. Сега се ставате себеси на прво место и вашата кариера, како и зголемување на приходите. Таа енергија ќе ја имате цел април и ќе ја искористите на најдобар можен начин. Станувате самосвесни и правите само работи кои ви носат среќа и успех!

Стрелец
Април ви носи промени кога е семејството во прашање. Поточно, многу Стрелци ќе решат да скокнат во тавче и да се реализираат во улога на родители! Со среќа!

Близнаци
Работата и кариерата се приоритет. Многумина од вас ќе се одлучат да го продолжат своето образование, некои целосно ќе го сменат правецот на кариерата, а некои ќе добијат големо унапредување. Зборовите, односно комуникацијата се вашето главно оружје, искористете ги максимално!

Вага
Ве следат емотивни промени. Го оставате она што не е во ред и со сигурен чекор одите во нов свет каде што ве чека вистинска голема љубов! Без разлика дали имате партнер или не, ве чека целосно ново познанство кое ви го менува текот на животот.