Ситуацијата со Украина доведе до непредвидени последици за светската економија.

По воведувањето санкции против Русија и контрасанкциите од руска страна, сите цени вртоглаво пораснаа.

Тоа прво се почувствува на енергетскиот пазар, што директно се одрази на цените на горивата на бензинските пумпи, но и на цените на струјата и парното.

Во Германија и Австрија цените на струјата и парното скокнаа за една недела за 60%, а потоа следеа сите останати цени.

Во моментов бензинот во Германија се продава по цена од 3,5 евра, а ништо подобро не е ниту во Романија.

Цените на горивата експлодираа во оваа земја и сегашната цена на бензинските пумпи е 11,1 леи (2,3 евра).

За тоа време во Русија има недостиг од шеќер, а во Германија воопшто нема тоалетна хартија на полиците.

Она што беше забележано и на берзите е наглиот скок на вредноста на златото, која на 8 март достигна историски максимум од 1.864,98 евра за унца (28,3495 g).