До крајот на месецов е можно студентите да се пријават за студентски оброк кој им следува на сите оние редовни студенти на државните и приватни универзитети кои ќе се пријават на конкурсот.

Од Министерството за образование испратија повик до студентите да ја искористат оваа поволност уште денес или утре, со цел да им биде обезбедена уплата од 2.400 денари за септември уште овој месец.

Сепак, за студентите кои ќе го пропуштат овој рок, има опција тие да се пријават и во следниот рок кој трае од 1 до 30 септември, со што ќе може да искористат изност за студентски оброк во октомври.

Пријавувањето се спроведува електронски преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk.

Се работи за едноставен процес, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка, соопштија од МОН.

Досега за студентски оброк се пријавиле над 15.000 студенти, а министерството очекува бројката да достигне до 40.000. Ваквиот студентски оброк треба да се исплаќа 9 месеци, секоја година.